Hamdi Yıldız
07 Мај 2024•Ажурирај: 10 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Шефот на Политичкото биро на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије, ги информирал катарските и египетските власти дека е прифатен предлогот во врска со договорот за прекин на огнот во Појасот Газа, јавува Анадолу.
Ова е потврдено во писмената изјава што ја објави политичкиот шеф на Хамас, Ханије, на официјалната веб-страница на Хамас.
Во соопштението се наведува дека Ханије телефонски разговарал со премиерот на Катар, шеикот Мухамед бин Абдурахман Ал Тани, и со директорот на Египетската разузнавачка служба, Абас Камил, и дека движењето Хамас ги прифатило предлозите што им биле претставени во врска со договорот за прекин на огнот.
Не се објавени детали за предлогот прифатен од Хамас.