свет

Францускиот претседател Макрон ги осуди последните случувања во Идлиб

Говорејќи на заедничката прес-конференција заедно со италијанскиот премиер Џузепе Конте, Макрон рече: „Нападите на [Башар ал Асад и неговите приврзаници не се борба против тероризмот, туку хуманитарен скандал“.

Sena Güler  | 28.02.2020 - Обновена : 28.02.2020
Францускиот претседател Макрон ги осуди последните случувања во Идлиб

РИМ (AA) - Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди неодамнешните случувања во северно-западната провинција Идлиб во Сирија, опишувајќи ги како „хуманитарен скандал“, јавува Агенција Андолија (АА).

Говорејќи на заедничката прес-конференција заедно со италијанскиот премиер Џузепе Конте по самитот во италијанскиот град Напол, Макрон рече: „Нападите на [Башар ал Асад и неговите приврзаници не се борба против тероризмот, туку хуманитарен скандал“.

Тој рече дека кршењето на меѓународниот хуманитарен закон и нападите врз цивилите се неприфатливи.

Во септември 2018 година, Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во деескалациска зона во која изрично се забранети акти на агресија.

Но, повеќе од 1.300 цивили се убиени во нападите на режимот и руските сили во зоната на деескалирање уште од моментот кога прекинот на огнот продолжува да се крши.

Откако Турција и Русија во 2018 година постигнаа договор во кој актите на агресија во Идлиб беа забранети, над 1.300 цивили се убиени во таа деескалациска зона.

По интензивните напади на режимот на Асад и неговите сојузници, над милион Сиријци се упатија кон турските граници.
Од започнувањето на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, Турција е домаќин на 3,7 милиони Сиријци.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın