свет

Франција: Протестите на „Жолтите елеци“ навршија шест месеци

Демонстрациите, што првo започнаа како реакција на зголемувањето на цените на горивото, прераснаа во антивладини протести

Burak Bir  | 17.05.2019 - Обновена : 19.05.2019
Франција: Протестите на „Жолтите елеци“ навршија шест месеци

ПАРИЗ (АА) - Протестите на „Жолтите елеци“ во Франција против политиките на претседателот Емануел Макрон навршија цели шести месец, пишува Anadolu Agency (AA).

Демонстрациите, што првo започнаа како реакција на зголемувањето на цените на горивото, прераснаа во антивладини протести.

На последните демонстрации во април, на улиците излегоа над 60.000 луѓе, според податоците на „Жолтите елеци“, додека француското Министерство за внатрешни работи ја изнесе бројката од 24.000 демонстранти.

Канцеларијата на генералните инспектори на државната полиција досега отвори истрага за 256 случаи за полициско насилство кон демонстрантите.

Канцеларијата соопшти дека 95 новинари, 40 средношколци и 30 здравствени работници биле повредени од страна на полицијата.

Протестите на „Жолтите елеци“ траат од 17 ноември 2018 година.

Според последните официјални податоци, досега 11 лица го загубиле животот, а над 4.200 биле повредени. Повеќе од 12.100 луѓе се уапсени и речиси 2.000 лица се осудени на затворска казна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.