Alaattin Doğru
04 Април 2022•Ажурирај: 05 Април 2022
ПАРИЗ (АА) - Во францускиот главен град Париз вчера се одржаа бројни протести од страна на различни групи, пред сè од Жолтите елеци, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Републиканскиот плоштад во Париз протест одржаа различни групи, како бездомници, лица што немаат дозвола за престој, антиекстремни десничари, антикапиталисти и алжирски дисиденти.
Жолтите елеци, кои се собраа на плоштадот, го осудија полициското насилство на кое се изложени на протестите што ги одржуваа од ноември 2018 до денес.
Тие ги изложија фотографиите на лицата што беа повредени како резултат на полициско насилство, и реагираа против тоа што сторителите се неказнети.
Исто така, Жолтите елеци го обвинуваат францускиот претседател Емануел Макрон дека останува нем на полициското насилство.
Од друга страна, бездомниците и лицата што немаат дозвола за престој, на протестот нагласија дека во Франција постојат доволни станбени делови, и побараа на секој да му се даде дозвола за престој и да му се обезбеди станбен простор.
Демонстрантите бараа отворање на границите за нерегуларните мигранти.
Меѓу другото, антикапиталистичката група се собра на плоштадот со цел реагирање против, како што рекоа, погрешните социјални и економски политики на Владата.