Bahattin Gönültaş
10 Декември 2020•Ажурирај: 11 Декември 2020
БЕРЛИН
Француската национална комисија за информации и слобода (CNIL) ги казни „Гугл" (Google) и „Амазон" (Amazon) со 135 милиони евра поради поставување на реклами на компјутерите на корисниците без претходно согласување и без пружање доволно информации, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на CNIL се наведува дека двете подружници на компанијата „Гугл" (Google LLC i Google Ireland) се казнети со 100 милиони евра, а една подружница на „Амазон" со 35 милиони евра.
Се наведува дека компаниите се казнети поради поставување реклами на компјутерите на корисниците без нивно претходно согласување.
Во соопштението се наведува дека доколку корисник пристапи на француската локација „Гугл" (Google.fr) и „Амазон" (amazon.fr), на нивниот компјутер автоматски се појавуваат „колачиња“ кои се користат за рекламни цели, без претходно корисникот да преземе нешто.
Во образложението на Комисијата се наведува дека рекламните колачиња можат да се поставуваат само по согласност на корисникот, додавајќи дека „Гугл" и „Амазон" ги прекршиле правата за добивање на претходна согласност од корисникот.
„Гугл во септември 2020 година објави дека престанал со неовластено рекламирање на компјутерите на корисниците. Сепак, корисниците кои ја посетуваат нивната веб-страница или не биле доволно информирани или никогаш не биле информирани дека колачињата се поставени на нивните компјутерски екрани.“