Esra Taşkın
11 Октомври 2022•Ажурирај: 12 Октомври 2022
ПАРИЗ (АА) - Ќе бидат засадени над 60.000 дрвја во шумата Пињада што се запали пред две години во францускиот град Англе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Франс бле“, површина од 75 хектари во оваа шума се запали како резултат на пожарот што го зафати ова подрачје во јули 2020 година.
Во веста се наведува дека во шумата за која станува збор ќе бидат засадени над 60.000 дрвја до првиот квартал на 2023 година.
Се вели дека 30 отсто од овие дрвја ќе бидат од типот „плутар“ кои се поотпорни на оган.
Со учество на граѓани, ученици, студенти, функционери и протиПињадапожарни службеници во градот, на 25 ноември ќе бидат засадени 4.800 дрвја на површина од 4 хектари во оваа шума.