Esra Taşkın
01 Август 2022•Ажурирај: 02 Август 2022
ПАРИЗ (АА) - Во пожарот што избувна вчера во Обе, во епартманот Гар во Франција, оштетени се 370 хектари зелени површини, а пожарот е ставен под контрола, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста на БФМТВ се наведува дека 370 хектари земја се претворени во пепел во пожарот, што беше ставен под контрола синоќа.
Исто така се додава дека во пожарот повредени се седум пожарникари, од кои еден потешко, изгореле два хангари, а три куќи се сосема уништени.
Пријавено е дека голем број луѓе се евакуирани како мерка на претпазливост.
Соопштено е дека во пожарот во Бокер, што се наоѓа во истиот регион, оштетени се неколку хектари земјиште, а пожарот е изгаснат.
Наведено е дека во регионот ангажирани се 530 пожарникари.
Земјата се соочува со трет топлотен бран. Дадена е „портокалово“ предупредување поради топлото време во 5 региони.