Gamze Türkoğlu Oğuz
26 Октомври 2017•Ажурирај: 26 Октомври 2017
ХЕЛСИНКИ (АА) - Во железничка несреќа во јужниот дел на Финска, животот го загубија четири лица, од кои тројца војници и еден патник, а повредени се најмалку осум лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полициските и воените службеници соопштија дека несреќата се случила откако воз во подрачјето на градот Расеборг, кој се наоѓа на 85 километри југозападно од Хелсинки, удрил во воено возило, при што смртно настрадале четири лица.
Според соопштеното, осумте лица повредени во несреќата се пренесени во болница во Расеборг и во Хелсинки.
Исто така, се истакнува дека военото возило транспортирало 11 војници на воена вежба во јужниот дел на земјата.
Министерот за одбрана на Финска, Јуси Ниинисто, преку објава на „Twiter“ (Твитер) изрази жалост поради несреќата, и издаде наредба знамињата во сите воени бази да се спуштат на половина копје.
Од друга страна, претседателот на Финска, Саули Ниинисто, изрази сочувство до семејствата на загинатите во оваа железничка несреќа.