Ekip?
26 Декември 2016•Ажурирај: 26 Декември 2016
ЗАМБОАНГА (АА) - Три лица вчера го загубија својот живот во тајфунот што го зафати источниот дел на Филипините, пренесува Anadolu Agency (AA).
Речиси 218.000 жители сè уште се надвор од своите домови по евакуацијата поради тајфунот Нок-тен, локално познат како Нина.
Откажани се 45 домашни и меѓународни летови, а забранет е и риболовот поради високите бранови.
Филипинската метеоролошка агенција изјави дека ветровите на тајфунот достигнуваат брзина од 230 километри на час. Се очекува дека тајфунот ќе се движи кон северо-западниот дел на земјата.
Филипините секоја година се погодени од околу 20, главно големи и опасни тајфуни од Тихиот Океан.