İdris Sülün
19 Април 2021•Ажурирај: 19 Април 2021
АНКАРА
13 лица загинаа вчера кога возило од типот СУВ падна во канал за наводнување на островот Лузон, во северниот дел на Филипини, известува Агенција Анадолија (АА).
Филипинските власти соопштија дека во несреќата што се случи во регионот Табук, во провинцијата Калинга, кога на пикник на езеро заминале група роднини, при потонувањето на возилото во канал за наводнување животот го загубиле 13 лица, од кои 7 деца.
Во соопштението се наведува дека во несреќата има двајца повредени.
Фатални сообраќајни несреќи се честа појава во северните планински региони на Филипини поради небезбедните патишта и стрмните премини.