Ekip
13 Јули 2019•Ажурирај: 14 Јули 2019
МАНИЛА (AA) – Официјалните лица објавија дека во силен земјотрес, кој го погоди југот на Филипините пред утринските часови додека луѓето спиеле, повредени се 25 лица и оштетени се неколку куќи, две цркви и противпожарна станица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија соопшти дека потресот со јачина 5,5 степени по Рихтер се случи денеска (сабота), 7 километри југоисточно од градот Караскал во провинцијата Суригао дел Сур. Се додава дека се забележани и неколку послаби дополнителни потреси.
Националниот совет за намалување на ризикот и управување со катастрофи објави дека се сруши таван од црква во градот Кармен и дека сериозна штета претрпе и црквата „Ланузи“. Пукотниците и оштетувањата се пријавени од неколку куќи. Во Кармен е исчистен Градскиот пазар, додека во градот Мадрид се сруши противпожарна станица.