Elena Trenchevska Chekovic
11 Август 2025•Ажурирај: 12 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Два кинески брода се судриле денес во спорните води на Јужното Кинеско Море, соопшти Филипини, пренесува Анадолу.
„Судирот се случи помеѓу бродот '3104' на Кинеската крајбрежна стража и бродот '164' на Морнарицата на Народноослободителната армија“, се вели во соопштението на Филипинската крајбрежна стража.
Несреќата се случила во близина на островот Хуангјан, кој е познат и како Скарборо Шоал или Бахо де Масинлок, каде што Манила ги има распоредено бродовите „БРП Тереза Магбануа“ и „БРП Сулуан“ за своите рибарски пловила.
Според Филипинската крајбрежна стража, бродот „3104“ на Кинеската крајбрежна стража го бркала филипинскиот „БРП Сулуан“ и „извршила ризичен маневар“ од десната страна на бродот на Филипинската крајбрежна стража „што довело до судир со воениот брод на Морнарицата на Народноослободителната армија (на Кина)“.