Tarek Chouiref
12 Февруари 2026•Ажурирај: 13 Февруари 2026
ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 21 лице загинаа кога патнички ферибот со повеќе од 27 лица се преврте во реката Нил во северен Судан, јавува Анадолу.
Локалната самоуправа соопшти дека телата на 21 лице веќе се пронајдени по инцидентот, што се случи синоќа, додека продолжува потрагата по оние кои сѐ уште се водат како исчезнати.
Локалните медиуми објавија дека бродот, кој превезувал повеќе од 27 лица, вклучувајќи жени, деца и постари лица, се превртел додека пловел помеѓу областите Таиба ал-Хавад и Деим ал-Карај во месноста Шенди.
Мрежата на судански лекари преку соопштение истакна дека трагедијата ја потенцира ранливоста на речниот транспорт и недостатокот на основни безбедносни мерки, како и отсуството на организираност на локалните власти и тимови на цивилна одбрана во текот на првите часови, „што го влоши обемот на катастрофата“.
Мрежата апелираше до властите „да преземат итни мерки за испраќање специјализирани спасувачки екипи и опрема за пребарување и спасување“ и побара итни мерки за да се осигури безбедноста на речниот транспорт и да се спречи повторување на вакви катастрофи што ги одземаат животите на невини луѓе.