Hakan Çopur
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Американското Федерално истрaжно биро (FBI) сподели нови 27 фотографии од нападот врз Пентагон во терористичките напади на 11 септември 2001 година, кои до денес не биле објавени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во овие фотографии се забележуваат детали од терористичкиот напад, и јасно се прикажуваат димензиите на овој напад.
Исто така, на фотографиите јасно се гледаат остатоците од авионот на „American Airlines“, киднапиран од страна на 5 терористи припадници на Ал Каеда и пренасочен кон Пентагон, се гледа местото каде што авионот се урнал, избувнатиот пожар, расфрланите камења и други делови како и оштетувањата предизвикани од силата на ударот.
Потсетуваме, на 11 септември 2001 година два авиона од типот „Boeing“ на „American Airlines“ удрија во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк и во зградата на Пентагон, при што предизвикаа рушење на двете кули, додека друг авион се урна во Пенсилванија. Во нападите загинаа вкупно 2.974 лица, вклучувајќи ги оние кои се наоѓаа во авионите, како и 19-те терористи кои се сметаат за одговорни за овие напади.