Said İbicioğlu
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
САНА (АА) - Од Меѓународниот фонд за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) порачаа дека со цел да се спречи понатамошното ширење на колера во Јемен, потребен е фонд во износ од 16 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Герт Капелаере, директор на Канцеларијата на УНИЦЕФ за Блискиот исток во Северна Африка за време на посетата во Јемен изјави дека е дојдено време со политичко решение да се стави крај на конфликтите во оваа земја.
Според него, УНИЦЕФ донираше 40 тони помош кога колерата е во прашање. Капелаере ја истакна важноста на формирањето на фондот од 16 милиони долари, се со цел да се спречи понатамошното ширење на колерата.
Тој истакна дека колерата во оваа земја се шири брзо и дека децата се во лоша состојба.
Капелаере истакна дека само во месец дена се евидентирани 70.000 случаи на пациенти оболени од колера и дека 600 лица од овој број ја загубија битката за живот.
Тој укажа на можноста дека во следните две недели може да се соочи со можни 130.000 луѓе погодени од колера.
Капелаере рече дека за време на неговата посета на Јемен, имаше можност одблиску да ги види децата кои се болни од колера.