Abdullah Tevge
30 Март 2022•Ажурирај: 31 Март 2022
ЛАВОВ (АА) - Украински активисти со проектирање на фотографии на ѕидот побараа ослободување на оние лица за кои се тврди дека се заробени од страна на руски војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во акцијата што се одржа во Лавов, Украина, упатен е повик до Русија за ослободување на луѓето, меѓу кои има и новинари, градоначалници и пратеници.
Активистката Анастасија Москвичова истакна дека за повеќе од 30 Украинци веќе со денови нема никакви информации и дека очекуваат светска поддршка за да се пронајдат сите исчезнати и заробеници и да се вратат во своите семејства.
Наведувајќи дека на секоја платформа ќе го пренесуваат гласот на семејствата чие членови се заробени, нагласи: „Не знаеме кај се и под кои услови живеат. Сакаме да ја раскажеме приказната на овие луѓе и да го привлечеме вниманието на светот. Затоа започнавме со акцијата.“
Акцијата заврши предвреме поради гласот на сирените. По алармот, сите учесници на акцијата и жителите се спуштија во скривниците.