Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
01 Март 2022•Ажурирај: 02 Март 2022
АНКАРА (АА) - Украинскиот претседател, Владимир Зеленски, денес ја нарече Русија терористичка држава откако руските сили погодија цели блиску до Харков, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во видеопорака, Зеленски ја повика меѓународната заедница „веднаш да одговори на ова злосторство“ и да побара од Русија „целосна одговорност за агресијата“ врз Украина.
Утрово руските сили го погодија централниот плоштад и зградата на регионалната администрација во североисточниот украински град Харков, на околу 480 километри од Киев.
„Денес е клучен приоритет за сите градови, Украина мора да стори сé што е можно за да го запре непријателот. Тоа е одговорност на воените и цивилните власти на секој град“, рече тој.
Откако Русија започна војна против Украина минатиот четврток, беше дочекана со бес од меѓународната заедница, при што Европската Унија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави (САД) спроведоа низа економски санкции против Русија.
Русија беше дополнително изолирана откако на нејзините авиони им беше забрането да летаат во европскиот и канадскиот воздушен простор, а голем број руски банки беа исфрлени од меѓународниот банкарски систем СВИФТ.