Derya Gülnaz Özcan,Tevfik Durul
01 Март 2022•Ажурирај: 02 Март 2022
АТИНА (АА) - Грција ја прекина соработката со руските културни институции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на грчкото Министерство за култура и спорт се наведува дека е откажан балетот „Лебедово езеро“, што беше планиран да се изведе на 6 март во Атина, во рамките на активностите „Балет на Бољшој во живо од Москва“.
Се наведува дека со инструкции на министерката за култура и спорт, Лина Мендони, прекината е соработката за организирање настани со руските културни институции.
- Суспендирано е и издавањето дозволи за престој на руски државјани -
Во соопштението на грчкото Министерство за миграција и азил од пред неколку дена беше наведено дека по инструкција на министерот за миграциja и азил, Нотис Митаракис, процесот на процесуирање на барањата за дозволи за престој за инвестициски цели на оние што доаѓаат од Руската Федерација е суспендиран и дека нови барања нема да бидат прифатени.
Меѓу другото се нагласува дека дозволите за престој во категоријата „Виши функционери на компанија“ нема да се разгледуваат до понатамошна одлука и дека Грција ќе ги чека одлуките на Европската Унија што ќе бидат донесени на оваа тема.