Dmitri Chirciu
01 Април 2022•Ажурирај: 02 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски се заблагодари на Турција за нејзината подготвеност да биде гарант за безбедноста на неговата земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Украина сака Турција, Германија и членките на Советот за безбедност на ОН да дејствуваат како гаранти во секој потенцијален мировен договор“, изјави вчера турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
Зеленски рече дека телефонски разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и разговарал за мировните преговори што се одржаа во вторникот во Истанбул меѓу руската и украинската делегација.
Изјавите ги даде на Телеграм на 36-тиот ден од војната.
„Издржавме подолго отколку што непријателот мислеше. Тие мислеа дека ќе бидат потребни само три до пет дена за да се заземе нашата земја“, додаде тој.
Последните преговори во Истанбул се сметаа за пробив во напорите за запирање на непријателствата, кои, според најновите податоци на ОН, ги зедоа животите на најмалку 1.232 цивили, а 1.935 други се повредени.
Според Агенцијата за бегалци на ОН, повеќе од 4 милиони Украинци побегнале во други земји, а милиони се внатрешно раселени.