Ruslan Rehimov
23 Март 2022•Ажурирај: 23 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украина, земјата нападната од Русија, тврди дека Руската армија досега загубила 15.600 војници, 101 авион, 124 хеликоптери и 517 тенка, известува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украинската армија објави соопштение за загубите на Руската армија во периодот од 24 февруари до 23 март.
Во соопштението се наведува дека во руските напади на Украина животот го загубиле 15.600 руски војници, а уништени се 101 авион, 124 хеликоптери, 517 тенка, 1.578 оклопни возила, 267 топа, 80 системи за лансирање ракети и 47 системи за противвоздушна одбрана на Русија.
Покрај тоа, руските сили загубија и 1.008 возила, 4 лесни глисери, 70 возила за гориво и 42 беспилотни летала.