Украина тврди дека досега во војната загинале над 10.000 руски војници
Генералштабот на украинската Војска наведува дека се уништени 39 авиони, 40 хеликоптери, 269 тенкови, 945 оклопни возила, 105 артилериски системи, 409 возила, 60 цистерни и три беспилотни леталаMeiramgul Kussainova
05 Март 2022•Ажурирај: 06 Март 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на украинската Војска соопшти дека во војната загинале повеќе од 10.000 руски војници, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на украинската Војска ги ревидираше податоците за загубите на противничката страна во војната меѓу Русија и Украина, што започна на 24 февруари.
Се наведува дека загинале над 10.000 руски војници, додека уништени се 39 авиони, 40 хеликоптери, 269 тенкови, 945 оклопни возила, 105 артилериски системи, 409 возила, 60 цистерни и три беспилотни летала.