Ruslan Rehimov
12 Март 2022•Ажурирај: 13 Март 2022
КИЕВ (АА) - Антон Герашенко, советник во Министерството за внатрешни работи на Украина, соопшти дека руските сили го киднапирале градоначалникот на Мелитопол, Иран Федоров, известува Агенција Анадолија (АА).
Герашенко на својот профил на социјалната мрежа Телеграм наведе дека Федоров од кризниот центар во окупираниот град е киднапиран од страна на 10 руски војници.
Наведувајќи дека Федоров не се согласил на соработка со Русите, Герашенко информираше дека градоначалникот е изведен од зградата со пластична вреќа на главата.
Мелитопол, сместен во Запорошката Област во источна Украина, последните денови од февруари е заземен од руските трупи.