Hasan Esen
11 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
ЛОНДОН (AA) - Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, доби 24-часовна полициска заштита поради заканите за смрт, јавува Anadolu Agency (AA).
Заканите за смрт се засилени по референдумот во јуни 2016 година, на кој 52 отсто гласачи го поддржаа излегувањето од ЕУ, наречено Брегзит.
Кан е познат по антиставовите за Брегзит, а само во период од три месеци минатата година преку социјалните мрежи прими 237 закани за смрт.
Кан доби 24-часовна заштита откако градското Собрание ја извести полицијата за 17 инциденти, вклучувајќи и закани за смрт.
„Тие луѓе нема да ме исплашат. Меѓутоа, не може да се избегне фактот дека моите најблиски се загрижени“, рече градоначалникот на Лондон.
Првиот муслимански градоначалник на Лондон е една од главните цели на десничарските и антиисламските луѓе и групи.