Ruslan Rehimov
18 Март 2022•Ажурирај: 19 Март 2022
КИЕВ (АА) - Во руско-украинската војна руската војска загуби 14.200 војници, 93 авиони, 112 хеликоптери и 450 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на Украина ги сподели податоци за загубите на руската војска од 24 февруари до 18 март.
Според тоа, загинаа 14.200 војници од руската војска која ја нападна Украина.
Исто така, уништени се 93 авиони, 112 хеликоптери, 450 тенка, 1.448 оклопни возила, 205 топа, 72 системи за ракетни фрлачи и 43 системи за противвоздушна одбрана на Русија.
Руските сили загубија и 879 возила, 3 глисери, 60 возила со гориво и 12 беспилотни летала.