Dmitri Chirciu
11 Април 2022•Ажурирај: 12 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот генералштаб соопшти дека Русија продолжува да ги зајакнува своите воени единици на украинскa териториja, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на украинскиот Генералштаб дадени се информации за операциите на Руската армија во Украина.
Се нагласува дека Русија ги зајакнува своите воени единици во Украина и се додава: „Во Русија се преземаат чекори за преместување на воените единици, зајакнување на системот на команда и контрола и обезбедување материјална и техничка поддршка за војниците.“
Се наведува дека воените единици се распоредени од Источните и Централните воени региони на Русија во регионите Белгород, Воронеј и Курск на границата со Украина.
„Окупаторите продолжуваат делумно да го блокираат градот Харков. Постои можност за интензивирање на конфликтите за градот Харков“, се нагласува во соопштението.
- „Ќе се интензивираат конфликтите за Донбас“ -
Сергеј Гајдај, шефот на украинската регионална воена управа во Луганск, истакна дека Руската армија се обидува да го заземе целиот регион Донбас.
Наведувајќи дека во иднина конфликтите за Донбас ќе се интензивираат Гајдај рече: „Гледаме дека во регионот се концентирани воена моќ и опрема. Се подготвуваме за тоа.“
- „Руската армија го нападна градот Рубијне“ -
Гајдај, наведувајќи дека руските воени сили го нападнале украинскиот град Рубијне, ја предупреди јавноста: „Повторно беше извршен хемиски напад. Ракетите го погодија резервоарот со азотна киселина кај Рубијне. Заштитете се. Доколку сте во затворена средина, затворете ги вратите и прозорците.“