Mustafa Deveci
07 Септември 2022•Ажурирај: 08 Септември 2022
ХАРКОВ (АА) - Во текот на ноќта руските сили со две ракети го погодија центарот на градот Харков, вториот по големина град во Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Нема човечки жртви ниту повредени лица, но причинета е материјална штета на зграда на деловен центар.
Гувернерот на воената управа на регионот Харков, Олег Синегубо, рече дека руските сили истрелале две ракети врз центарот на градот. Синегубо наведе дека една од ракетите погодила двокатна зграда на деловен центар. Како што рече, избувнал и пожар во блиска автоперална.
Друга ракета падна на блискиот пат.
Наведувајќи дека е причинета штета на околните продавници и возила, Синегубо истакна дека во нападот нема повредени лица.
Руските сили вчера (вторник) извршија три напади врз Харков. Во нападите загина една жена.
Сместен приближно 45 километри од руската граница, како втор по големина град во Украина по главниот град Киев, Харков често е цел на ракетни напади од страна на руските сили.
Половина од населението на Харков го напушти градот поради нападите.
Војната против Украина во која се регистрирани голем број цивилни жртви, Русија ја започна на 24 февруари 2022 година.