Talha Yavuz
03 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
КИЕВ
Украина донесе одлука за прекинување на активностите на девет ТВ-канали во земјата, со образложение дека се финансирани од страна на Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на украинското Претседателство, одобрена е одлуката за спроведување санкции против украинскиот пратеник Тарас Козак и против неговите ТВ-канали.
Според овие санкции, девет ТВ-канали во сопственост на Тарас Козак нема да можат да ги вршат своите активности 5 години.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, преку Твитер реагираше во врска со случајот и рече дека неговата земја ја поддржува слободата на медиумите, но дека не ја поддржува пропагандата финансирана од страна на една земја која врши агресија кон Украина.
Меѓу другото, секретарката за медиуми на Зеленски, Јулија Мендел, нагласи дека е потврдено оти овие канали се финансирани од страна на Русија и дека каналите за кои станува збор, се користат како алатка во војната против Украина.