Talha Yavuz
19 Август 2021•Ажурирај: 20 Август 2021
КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во врска со евакуацијата на авганистанската режисерка Сахра Карими, рече дека тоа била заедничка операција со учество на турски пријатели по иницијатива на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Тоа беше совршен пример за тоа како нашите земји можат да си помогнат помеѓу себе за да се зајакнат“, истакна министерот Кулеба на онлајн прес-конференција на која одговaраше на прашањата на новинарите.
На прашањето на новинарот на АА за евакуацијата на авганистанската режисерска Карими, Кулеба изјави дека славната авганистанска режисерка е евакуирана со турски воен авион.
Рече дека Украина побарала од турските партнери место во авионот за Карими и членовите на нејзиното семејство. „Тоа беше заедничка операција со учество на турски пријатели по иницијатива на Украина. Тоа беше совршен пример за тоа како нашите земји можат да си помогнат помеѓу себе за да се зајакнат.“
Истакнувајќи дека 44 земји ќе учествуваат во Кримската платформа, што ќе се одржи на 23 август, Кулеба рече дека Турција ќе биде претставена на ниво на Министерството за надворешни работи.
Авганистанската режисерка Сахра Карими преку својот профил на Твитер им се заблагодари на владите на Турција и Украина, Словачката амбасада во Техеран и Словачката филмска академија што им помогнаа нејзе и на 11 луѓе да излезат од Кабул.