Meiramgul Kussainova
04 Мај 2022•Ажурирај: 05 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот Парламент во вторникот усвои Нацрт-закон со кој се забрануваат активностите на политичките партии со проруски став.
„Вкупно 330 пратеници гласаа за законот во 450-члениот Парламент“, рече пратеникот Јарослав Железниак на Телеграм.
„Конечно ќе престанеме да го толерираме рускиот свет кој носи само уништување во Украина, на нашата политика“, соопшти украинскиот Парламент на Твитер.
Законот, исто така, предвидува забрана за партиите доколку нивните програмски цели или дејствија се насочени кон презентирање на руската вооружена агресија против Украина како внатрешен конфликт или граѓанска војна.
„За глорификација и оправдување на постапките на лицата кои спроведуваат или спровеле вооружена агресија против Украина, за претставници на вооружени групи на Русија и други нелегални вооружени групи - создадени, подредени, управувани и финансирани од Русија, исто така ќе се донесе забрана“, додаде парламентот.
Најмалку 3.193 цивили загинаа и 3.353 други се повредени во Украина од почетокот на војната во Русија која започна на 24 февруари, според проценките на ОН. Се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Повеќе од 5,5 милиони луѓе заминаа во други земји, а повеќе од 7,7 милиони се внатрешно раселени, според податоците на Агенцијата за бегалци на ОН.