Mücahit Oktay
04 Мај 2022•Ажурирај: 06 Мај 2022
ЊУЈОРК (АА) – Судот му изрече мерка притвор на полицаецот кој уби 12-годишно момче во Филаделфија во САД испукувајќи три куршуми за време на потера, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите што јавно ги сподели Окружното обвинителство во Филаделфија, 26-годишниот полицаец Едсаул Мендоза е обвинет за убиство на 12-годишниот Томас Т. Џ. Сидерио, иако знаел дека е невооружен.
Томас се наоѓал меѓу младите кои биле следени „под сомнение дека се вмешани во случај на кражба“.
Наведено е дека снимката од камерата од инцидентот што се случи на почетокот на март докажува дека полицаецот Мендоза „бесмислено го следел Сидерио и го застрелал, иако знаел дека е невооружен“.
Окружниот обвинител на Филаделфија, Лери Краснер, рече: „Кога Мендоза го испука третиот куршум кон Сидерио, веќе знаеше дека нема оружје и дека не може да му наштети, но сепак го застрела во грб, убивајќи го.“
Наведено е дека Мендоза е разрешен од функцијата и е приведен во неделата. Ќе остане во притвор до сослушувањето на 16 мај.