Elena Teslova
10 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
МОСКВА
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска потврди дека тој не ја исклучува можноста дека проектилот на Иран не е причина за несреќата со украинскиот авион во Техеран, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во порака објавена на Фејсбук, Зеленски упати повик до светските лидери, кои го обвинија Иран за соборување на украинскиот авион во Техеран, да достават информации до Украина, со што ќе го потврдат случајот.
„Ние сме во постојан контакт со нашите претставници [членови на Комисијата за истражување]. Случајот дека авионот е погоден од проектил не е исклучен, но денеска не е ни потврден. Со оглед на неодамнешните изјави на лидерите во медиумите, ги повикуваме сите меѓународни партнери, особено Владата на САД, Канада и Велика Британија, да достават информации и докази на Комисијата за истражување за оваа несреќа.“
Претседателот додаде дека очекува Иран да ги обезбеди украинските експерти со сите информации и пристап до секоја локација за да се спроведе непристрасна истрага.
Тој, исто така напомена дека подоцна во текот на денот ќе дискутира и со американскиот секретар за одбрана, Мајк Помпео, во врска со несреќата.
САД, Велика Британија и Канада изјавија дека имаат докази, сугерирајќи дека ирански проектил го соборил украинскиот авион.
Иран ги негира таквите обвинувања велејќи дека претставуваат лага и психолошка операција на САД.
Авионот „боинг 737“ на украинската авиокомпанија „Украина ерлајнс“, кој требаше да лета кон Киев, падна на 8 јануари кусо по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран. Ниту еден од 176-те патници и членови на посадата не преживеа.