Ali Cura
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Петро Порошенко, потпиша одлука со која ќе се прошират санкциите против Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во одлуката објавена на интернет-страницата на Претседателството се наведува дека се прошируваат санкциите против некои руски државјани и компании во Украина, и оти се продолжени досега применуваните економски и приватни ограничувања против некои личности и компании што претходно се наоѓаа на листата.
На листата на санкции додадена во прилогот на оваа одлука, се наоѓаат 1.228 лица и 468 компании.
Со овие санкции е спречен пристапот до социјалните мрежи како „Вконтакте“ и „Одноклассники“, интернет-пребарувачот Јандекс и неговите екстензии, како и интернет-страницата „маил.ру“.
Исто така, и антивирус-програмата „Доктор Веб“ е додадена во оваа листа.