Nazir Aliyev Tayfur
20 Март 2022•Ажурирај: 21 Март 2022
КИЕВ (АА) - Руската Војска ја погоди зградата на театарот во Мариупол, Украина, каде што имало засолнето околу 400 луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Градскиот совет на Мариупол се наведува дека руската Војска го бомбардирала училиштето за театарска уметност, што се користело како засолниште во округот Левобережњи во украинскиот град Мариупол.
Во соопштението се наведува дека е срушена зградата што служела како засолниште за 400 деца, жени и стари лица.
Сѐ уште нема информации за евентуалниот број на загинати и повредени.