Sayed Khodaiberdi Sadat
17 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
КАБУЛ - Вооружен напад е извршен врз возилото со кое биле превезувани две судијки во Кабул, главниот град на Авганистан. Во нападот животот го загубија двете судијки, известува Агенција Анадолија (АА).
Фердевс Фарамарз, портпаролот на полицијата на Кабул во изјава за медиумите информираше дека судијките во подрачјето на Кабул биле нападнати од засега непознати лица.
Фарамарз соопшти дека во нападот животот го загубиле двете судијки, а има и двајца ранети.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.