Rania R.a. Abushamala
29 Јули 2025•Ажурирај: 30 Јули 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 32 Палестинци, меѓу кои 15 жени и 12 деца, беа убиени и десетици се повредени во израелските воздушни напади извршени утринава врз неколку области низ Појасот Газа, јавува Анадолу.
Израелската армија бомбардираше неколку домови во бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Газа, убивајќи 30 Палестинци, меѓу кои 14 жени и 12 деца, велат медицински извори за Анадолу.
Пронајден е фетус откако во експлозија бил исфрлен од мајчината утроба, изјавија очевидци.
Во градот Газа се убиени еден маж и неговата сопруга, а многумина се повредени во израелскиот напад насочен кон стан во близина на кружниот тек Хајдар.
И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија води интензивна офанзива во Газа од 7 октомври 2023 година, при што се убиени речиси 60.000 Палестинци, најголем дел од нив жени и деца.
Во последниот извештај од вчера израелската група за човекови права Б’Тселем ги прогласи дејствата на Израел во Газа за геноцид.