Talha Yavuz
17 Август 2021•Ажурирај: 18 Август 2021
КИЕВ (АА) - Украински војник загина како резултат на огнот отворен од страна на проруските сепаратисти во регионот Донбас во источна Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Украинските вооружени сили се истакнува дека сепаратистите вчера пет пати го прекршиле прекинот на огнот.
Исто така, се наведува дека украински војник загинал во огнот отворен од страна на сепаратистите во регионите Золотоје 4, Водијане, Широкино, Новомихајловка и Присепиловка во Донбас.
За тоа, како што пишува во соопштението, информирани се и претставниците на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
- Кризата во Донбас -
Во Киев, главниот град на Украина, на 21 ноември 2013 година започнаа демонстрации откако претседателот Виктор Јанукович не го потпиша Договорот за асоцијација на Европската Унија (ЕУ).
Претседателот Јанукович ја напушти земјата во февруари 2014 година, откако демонстрациите се интензивираа. Потоа проруските сепаратисти ја прогласија својата таканаречена независност во градовите Доњецк и Луганск во источниот дел на земјата.
Во судирите меѓу сепаратистите и Владата во Киев од 2014 година, животот го загубија повеќе од 13.000 лица.