Gamze Türkoğlu Oğuz
03 Ноември 2018•Ажурирај: 04 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Убиен е тигарот кој усмрти 13 лица и за којшто се трагаше 2 години, јавува Anadolu Agency (AA).
Од државната Агенција за шумарство на Махараштра се наведува дека добиле повик од локалното население на селото Борати дека тигарот е виден во нивната околина. Екипата која пристигнала на теренот, се обидела да го заспие тигарот.
Меѓутоа, екипата не успеала во тоа, по што го убила, бидејќи се обидел да ја нападне и нејзе. Активистите во Индија започнаа кампања со барање да не се ловат тигри.
Тигарот Т-1, од 2016 година досега усмрти 13 лица во подрачјето на Махараштра.