свет

Уапсени неколкумина Палестинци во рација на израелските сили во град на окупираниот Западен Брег

- Војниците извршија рации во домовите во источен Лубан, оштетија имот и уапсија млади мажи, изјави локален претставник

Lina Altawell  | 24.02.2026 - Обновена : 24.02.2026
Уапсени неколкумина Палестинци во рација на израелските сили во град на окупираниот Западен Брег

Istanbul

РАМАЛА/ИСТАНБУЛ (АА) - Израелските сили извршија рација во Лубан на југот на Наблус, на северниот дел на Западниот Брег, при што уапсија неколку лица и оштетија имот, изјави денес локален претставник, пренесува Анадолу.

Израелските трупи влегле во градот околу полноќ, претресле неколку домови и го оштетиле имотот во дел од куќите, изјави за Анадолу шефот на локалниот совет на источен Лубан, Јакуб Овеис.

Тој изјави дека се уапсени неколку млади мажи, но не наведе точен број.

Градот, во кој живеат околу 4.200 Палестинци, се соочува со чести затворања и засилени ограничувања од страна на израелските сили од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, рече Овеис.

Тој додаде дека илегалните израелски доселеници, исто така, упаѓаат во градот и применуваат вандализам.

Источен Лубан се наоѓа по должината на главниот пат што ги поврзува Рамала и Наблус. Неколку израелски населби и пунктови се изградени токму на земјиштето што му припаѓа на градот.

Асма ал-Абуши, жителка на градот, се потсети на израелската рација во нејзиниот дом.

„Сите нè седнаа, го претресоа домот и нè фотографираа за да ги проверат нашите идентитети. Двајца војници влегоа во кујната за да ја претресат“, изјави таа за Анадолу.

„Потоа лицата ги покрија со маски и продолжија да јадат под нив, гледајќи во нас за да видат кој им обрнува внимание.”, раскажа таа.

Ал-Абуши додаде дека војниците им го зеле семејниот сухур (оброкот пред зори за време на Рамазан) и пред да заминат во домот направиле целосен неред.

Од израелската војска немаше коментар за рацијата.

На друго место очевидци изјавија дека израелските сили извршиле рација и во градот Силвад, на исток од Рамала, а во населбите биле распоредени десетици војници.

Израелската војска редовно спроведува рации и претресува низ градовите во Палестина и во домовите на окупираната област на Западниот Брег.

Палестинците велат дека војската ги интензивирала рациите за апсење од почетокот на Рамазан минатата недела.

Здружението на палестински затвореници, кое е невладина организација, соопшти дека израелските сили уапсиле повеќе од 100 Палестинци на Западниот Брег откако почна Рамазан.

Моментно повеќе од 9.300 Палестинци се наоѓаат во израелските затвори, меѓу кои 66 жени и 350 деца, според палестински податоци.

Насилството на Западниот Брег се зголеми со почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година. Убиени се повеќе од 1.116 Палестинци, околу 11.500 се повредени, а приближно 22.000 се уапсени, покажуваат палестинските бројки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın