Meryem Göktaş
16 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турција ќе донира 100.000 тони брашно за цивилите кои живеат во Сирија, се наведува денес во службениот весник на турската Влада, кој секојдневно се објавува во печатено издание, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот одбор за житарици (TMO) ќе ја снабдува со брашно Црвената полумесечина на Турција која ќе го дистрибуира до цивилите во Сирија. Агенцијата за катастрофи и управување со вонредни ситуации (AFAD) ќе и помогне на Црвената полумесечина во транспортот и дистрибуцијата.
Војната во Сирија започна во 2011 година кога режимот на Башар ал Асад со неочекуван гнев се обиде да ги задуши продемократските протести.