Tezcan Ekizler,Şafak Yel
12 Јануари 2020•Ажурирај: 12 Јануари 2020
ИЗМИР (АА) - Најмалку 11 лица загинаа, меѓу кои осум деца, а спасени се осум лица, откако се преврте чамец кој превезуваше мигранти во водите ја Егејско море, во близина на градот Измир во Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Жителите на квартот Јали во Измир слушнаа повици и за помош од правец на морето, поради што ја известија локалната жандармерија.
Со доаѓањето на екипите на Крајбрежната стража утврдено е дека потона чамец кој превезуваше непријавени мигранти. Не е познато за чии државјани станува збор.
Од морето се спасени најмалку осум лица, а извлечени се тела на вкупно 11, од кои осум тела се на малолетни лица.
Потврдено е исто така дека чамецот превезувал вкупно 19 лица, со што акцијата за спасување е завршена. Телата на смртно страданите мигранти се извлечени на брегот.