Ayhan Şimşek
15 Јули 2019•Ажурирај: 16 Јули 2019
БЕРЛИН (АА) - Турција упати барање до Германија да го испорача поранешниот полковник Илхами Полат, едно од клучните лица од неуспешниот обид за државен удар, што се случи во Турција на 15 јули 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Полат, кој е обвинет за организирање на преземањето на Военото училиште на копнените сили во Анкара, избега во Грција по неуспешниот обид за државен удар, а подоцна отиде во Германија и поднесе барање за азил.
Висок турски официјален претставник, кој зборуваше под услов на анонимност, за АА изјави дека Турција официјално побарала од Германија да го испорача Полат за да се соочи со обвиненијата за обид за соборување на демократски избраната власт.
Сопругата на поранешниот полковник, Сузан Полат, за обвинителите во 2017 година изјави дека нејзиниот сопруг учествувал во обидот за државен удар по наредба на Фетула Ѓулен.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.