Ahmet Sait Akçay
15 Август 2016•Ажурирај: 16 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турција од обидот за државен удар, кој се случи на 15 јули, води кампања да ги информира другите земји за активностите на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, јавува Anadolu Agency (AA).
По обидот за државен удар, Турција одржа повеќе од 6.000 официјални состаноци преку своите мисии и конзуларни претставништва во странство, според бројките објавени денес на веб-сајтот на турското министерство за надворешни работи.
Од вкупно 6.382 состанока, 36 се одржани на претседателско ниво, 42 на премиерско и 234 на министерско ниво.
На парламентарно ниво спроведени се 696 интервјуа. Бројот на другите средби на високо ниво е 5.374.
Најмалку 240 лица загинаа во неуспешниот обид за пуч, организиран од страна на следбениците на водичот на терористичката организација ФЕТО.
Ѓулен е обвинет за водење долготрајна кампања со цел да ја собори демократски избраната власт во Турција преку инфилтрирање во државните институции, особено во војската, полицијата и во судството, формирајќи таканаречена паралелна структура.