Nilay Kar
03 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
ИЗМИР (АА) - Четворица осомничени високорангирани членови на терористичката организација ДЕАШ се задржани во притвор во Измир поради управување со вооружена терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Осомничените терористи се приведени во заедничка операција која минатиот петок во квартот Конак ја извршија единици на разузнавачка служба и противтерористички тимови.
Во операцијата е приведен и Касир ал-Хадави, челник на ДЕАШ во сирискиот град Деир ел Зор, за кој се верува дека е близок на лидерот на терориситчката организација, Абу Бакр ал-Багдади.
Според извор на блискиот суд во Измир, осомничените признале дека се високорангирани членови на терористичката организација.
Хадави исто така во полициската станица изјави дека во Сирија бил ранет, после што пристигнал во Шанлиурфа и Газиантеп во Турција, а потоа и Измир.
Инаку досега, во нападите на терористите на ДЕАШ во Турција загинаа над 300 лица.
Безбедносните сили спроведуваат опсежна операција за да ги спречат можните напади на ДЕАШ во таа земја.