Yıldız Nevin Gündoğmuş
22 Април 2022•Ажурирај: 23 Април 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека бројот на неутрализирани терористи во операцијата „Канџа-катанец“, што продолжува во северен Ирак, се зголеми на 42, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Бројот на неутрализирани терористи во рамките на операцијата „Канџа-катанец“, која успешно продолжува на северот на Ирак, се зголеми на 42. Ќе продолжиме да ги уништуваме засолништата на терористите“, се наведува во соопштението на ова министерство.
Терористите на терористичката организација ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат прекугранични напади во Турција.
Во 2020 година, Турција ги започна операциите „Канџа-тигар“ и „Канџа-орел“ во пограничните региони на северен Ирак за да се осигура безбедноста на турскиот народ и на границите.
Во својата на 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.