Aylin Dal
19 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа пет терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои извршиле обид за напад во зоната каде беше реализирана операцијата „Извор на мирот", пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инфомрацијата преку соопштение на социјалната мрежа Твитер ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека се неутрализирани пет терористи на ПКК/ЈПГ кои извршиле обид за напад со цел да го нарушат мирот и безбедноста во зоната во која беше реализирана операцијата „Извор на мирот".
Се истакнува дека ќе се продолжи со преземање на сите неопходни мерки со цел продолжување на мирот и спокојството во регионот.