Gözde Bayar
25 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
АНКАРА (АА) – Турските сили неутрализираа двајца терористи на ЈПГ/ПКК во Сирија и Ирак, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Едниот терорист е неутрализиран при обид да се инфилтрира во зоната на операцијата „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, додека другиот е неутрализиран на подрачјето на операцијата „Канџа-молња“ во северен Ирак“, објави Министерството преку Твитер.
Започната во 2016 година, операцијата „Штитот на Еуфрат“ е прва од трите успешни антитерористички операции што Турција ги започна надвор од својата граница, во северна Сирија, за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на сириските жители.
По „Штитот на Еуфрат“ во 2018 година следуваше операцијата „Маслинова гранка“, а следната, 2019 година, и операцијата „Извор на мирот“.
Турција во северен Ирак, каде што терористите на ПКК често се кријат и планираат терористички напади врз турските територии, од 2019 година спроведува низа антитерористички операции, познати под називот „Канџа“.
Операциите „Канџа-Молња“ и „Канџа-Гром“ започнаа минатиот април во ирачките регионите Метина и Авашин-Басјан.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.