Erdoğan Çağatay Zontur
08 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
АНКАРА
Турските и руските вооружени сили ја извршија 20. заедничка патрола долж клучниот автопат М4 на североисточниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во согласност со договорот/протоколот за спроведување на заеднички контролни патроли, турските и воздушни сили ја извршија 20. патрола на автопатот М4 во Идлиб“, се наведува во соопштението на Министерството.
Автопатот М4, исто така познат како патен правец Алепо - Ал Хасека, се наоѓа на 30 километри од јужната граница на Турција.
Турција и Русија се согласија на протоколот со кој ги повикуваат сите страни во Идлиб за прекин на огнот, a турските и рускитe сили, како гаранти на примирјето, заеднички спроведуваат контролни патроли по должината на линиите за раздвојување, или по Автопатот М4. Заедничките патроли започнаа на 6 март.