свет, Коронавирус

Африка: Со Ковид-19 се заразени повеќе од половина милион лица

Коронавирусот ги зафати јужните и северните делови на Африка, додека најмалку случаи се забележани во Средна Африка

Ömer Erdem  | 08.07.2020 - Обновена : 09.07.2020
Африка: Со Ковид-19 се заразени повеќе од половина милион лица

ХАРТУМ

Бројот на заразени лица со новиот тип на коронавирус на африканскиот континент достигна 511.170, јавува Агенција Анадолија (АА).

Податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот покажуваат дека на африканскиот континент во последните 24 часа се потврдени 17.460 нови случаи на заразување.

Во истиот период од последиците на Ковид-19 починаа 366 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 12.015.

На африканскиот континент се излекувани повеќе од 247.000 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.

Најголем број на случаи е забележан во Јужна Африка каде со Ковид-19 се заразени повеќе од 215.000 лица, следуваат Египет со околу 77.000 заразени.

Коронавирусот ги зафати јужните и северните делови на Африка, додека најмалку случаи се забележани во Централна Африка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın