Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak
08 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС
Пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) последните 24 часа е причина за смртта на 1.254 лица во Бразил, 895 во Мексико и 482 во Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бразил е втора земја во светот најмногу погодена од пандемијата на коронавирусот. Последните 24 часа регистрирани се 1.254 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19.
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, вкупниот број на смртни случаи предизвикани од коронавирусот во оваа земја се искачил на 66.741, додека вкупниот број на детектирани лица позитивни на Ковид-19 изнесува 1.668.589, од кои 45.305 во последните 24 часа.
Во државата Сао Паоло со популација од околу 46 милиони жители, која претставува центар на трговијата во Бразил, регистрирани се 332.708 лица позитивни на коронавирусот и 16.475 починати како последица на заразеност со Ковид-19, што ја прави најпогодена држава во Бразил од пандемината на вирусот.
Досега во Бразил оздравеа 976.977 лица заразени од коронавирусот.
Бразил со популација од над 211 милиони жители се именува како „епицентар на пандемијата“ во Латинска Америка.
Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро, кој е познат по тоа својот потценувачки став кон пандемијата, соопшти дека и самиот е заразен со новиот тип на коронавирус (Ковид-19)
Според бројката на смртни случаи, Бразил ја надмина Велика Британија и во моментов е „втора држава во светот по САД најмогу погодена од пандемијата на Ковид-19 според бројката на заразени и смртни случаи“.
Институтот за географија и статистика на Бразил претходно објави дека во мај се регистрирани 4,2 милиони лица кои го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, симптоми слични на коронавирусот.
- Во Мексико над 32 илјади смртни случаи предизвикани од Ковид-19
Според податоците на Министерството за здравсто на Мексико, во оваа земја последните 24 часа се регистрирани 895 смртни случаи како последица на заразеност со новиот тип на коронавирус, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 32.014.
Досега во Мексико се детектирани 268.008 лица позитивни на коронавирусит, од кои 6.258 во последните 24 часа.
Во оваа зема досега оздравеа 163.646 лица заразени од Ковид-19.
- Во Индија Ковид-19 причина за смртта на 20.642 лица
Министерството за здрвство на Индија објави дека последното деноноќие од последици на заразеност со новиот тип на коронавирус починале уште 482 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 20.642.
Последните 24 часа во Индија се детектирани 22.752 случаи на заразеност со Ковид-19, со што вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 742.417.
Досега оздравеа 456.830 лица заразени со вирусот.
Според интернет страницата „Worldometer“ која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со случаите на коронавирусот во земјите од светот, Индија се наоѓа на третото место според бројката на детектирани лица позитивни на коронавирусот.