Betül Yürük
08 Јули 2020•Ажурирај: 08 Јули 2020
АНКАРА
Русија и Кина вложија вето на обновата на механизмот кој овозможува праќање на помош на ОН за околу три милиони жители на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Советот за безбедност на ОН гласаше за обнова на механизмот, кој овозможува продолжување на прекугранична меѓународна помош за Сирија воведена 2014 година, а кој истекува на 10 јули.
Нацрт-резолуцијата која на Советот и ја предложија Германија и Белгија наиде на вето од страна на Русија и Кина.
Во согласност со моменталната одлука на СБОН, Сирија може да добие меѓународна помош само преку два гранични премини од подрачјето на Турција и тоа Онџупинар наспроти Бабаселаме и Чилвеѓозу наспроти Бабулхаве.
По ветото на Русија и Кина, двете гранични порти ќе бидат затворени за премин на конвоите со помош, бидејќи механизмот истекува на 10 јули.
За пружањето прекугранична помош на Сирија потребна е одлука на Советот за безбедност на ОН.
Според податоците на ОН, 70 отсто од вкупно три милиони жители во северозападниот дел на градот Идлиб зависат од хуманитарна помош.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните работи (OCHA) испрати 8.468 конвои хуманитарна помош низ Турција од почетокот на годинава.
Минатата година хуманитарната помош влезе во Сирија преку вкупно четири гранични премини, но со ветото на Русија и Кина е прекината испораката на помош преку граничните премини со Јордан и Ирак.